Салата од буковка и лешници

За да ја направите оваа салата ви требаат:

-300 грама буковка
-50 грама крупно мелени лешници
-1/4 кромид
-2-3 чешниња лук
-магдонос
-сок од 1/2 лимон
-2 црвени лути пиперчиња
-1 лажиче коријандер
-сол, бибер
-маслиново масло

Начин на подготовка:

Буковката се проварува 5-10 минути во зовриена вода, а потоа се прецедува. Внимавајте да не ја преварите. Пиперчињата и магдоносот ситно се сецкаат, а лешниците се мелат на крупно. Кромидот се сецка на полумесечинки и сите состојки лесно се промешуваат, а на крај се зачинува со сол, бибер, маслиново масло и лимон.