Анализи

Саудсика Арабија - справување со корупцијата или борба за круната Саудискиот престолонаследник со чистката ја зацврстува власта

Саудискиот престолонаследник со чистката ја зацврстува власта

Саудиските власти во средата извршија уште еден бран апсења и замрзнувања на стотици банкаски сметки во проширувањето на антикорупциската операција којашто е насочена против политичката и деловна елита во земјата, но овој земјотрес на саудиската политичка сцена се смета за очигледен потег на престолонаследникот Мохамед бин Салман да се зацврсти на власта.

Откако започна операцијата за наводното сузбивање на корупцијата, десетици членови на кралското семејство, функционери и бизнисмени се пртворени во Саудиска Арабија и се соочуваат со обвинувања за перење пари, подмитувања, изнудувања и злоупотреби на положбите и овластувањата. Официјалните медиуми во земјата само во неделата објавија дека се притворени единаесет пронцови кои извршувале различни должности и функции, но во средата имало уште една серија апсења на низа други поединци во проширување на операцијата, коајшто се смета за директна иницијатива на моќниот престолонаслендик принцот Мохамед бин Салман.

Бројот на замрзнатите банкарски сметки пораснал од вторникот, кога беше 1.200 на повеќе од 1.700 и понатаму се зголемува, велат банкарски извори за светските агенции.

Меѓу притворените се поединци поврзани со семејството на покојниот принц и министер за одбрана Султан бин Абдулазис кој почина во 2011 година. Другите најверојатно се пониски менаџери и функционери. Меѓу деловните луѓе кои се притворени во истрагата се и милијардерот принц Алвалид бин Талал, претседавач во инвестициската компанија „Kingdom Holding“, потоа Насер бин Акил ал-Тајар основач на „Al Tayyar Travel“ и Амр ал-Дабаг, претседател на компанијата „Red Sea International“. Акциите на сите три компании, коишто издададоа соопштенија во коишто се наведува дека ќе продолжат нормално да работат, паднаа меѓу 9 и 10 отсто во вторникот, а нивниот пад продолжи и во средата и во четвртокот.

Единаесет принцови уапсени за корупција

Минатата сабота саудискиот монарх Салман бин Абдел Азиз Ал Сауди издаде декрет за формирање на Високиот комитет за борба против корупцијата, предводен од престолонаследникот Мохамед бин Салман. Комитетот веднаш објави дека го отвора досието за поплавите во Џеда во 2009 година и истрагата за епидемијата од коронарниот вирус познат и како вирус на Блискоисточниот респираторен синдром (MERS).

Истовремено Саудиска Арабија смени неколку високопозиционирани министри, вклучително и челниците на ресорите за економија и планирање, како и на Националната гарда на монархијата. Меѓу разрешените во саботата се министерот за економија Адел Факех, кој е замените со неговиот заменик Мухамед ал-Туваири и шефот на Националната гарда, принцот Метеб бин Абдула, на чиешто место доаѓа Калед бин Ајаф. Овие смени дојдоа само неколку месеци откако саудискиот крал Салман бин Абдулазис Ал Сауди го замени својот внук Мохамед бин Најеф со својот син Мохамед бин Салман како наследен принц на круната.

Премените во министерскиот кабинет се совпаѓаат со „планот за забрзана промена“, којашто започна со именувањето на Мохамед бин Салман како наследник на саудискиот престол, вели за Reuters економскиот аналитичар Јан Блек.

„Почнувајќи од јуни годинава видовме многу далекусежни промени… Тоа се случи откако Мохамед бин Салман, синот на кралот Саламан, беше назначен за наследник на круната. Откако тој стана принц видовме голем пресврт. Беше објавен многу амбициозниот саудиски план за трансформација на земјата и саудиската економија наречен ‘Визија 2030“, вели Блек.

 

Принцот решителен да го одрбани правото на круната

Престонаследникот Мухамед бин Салман на чело на новоооснованото државно тело за борба против корупцијата во својот прв потег на должноста издаде налог за апсењата на единаесетте прнцови, четворица министри, десетици поранешни министри и неколкуте водечки бизнисмени во земјата. Ова ново тело има овластувања да издава налози за апсење и да забранува напуштање на земјата.

Меѓу упсените е и принцот Алвалид бин Талал, внук на првиот саудски крал и најбогатиот Саудиец. Одделно од апсењата, кралот Салман, таткото на Мухамед, ги смени началниците на националната гарда и на морнарицата.

Главниот државен обвините Сауд ал-Моџеб изјави дека фактот што многумина од уапсените се членови на кралското семејство „нема да го спречи цврстото спроведување на правдата“.

Иако државните гласила јавуваат дека станува збор за истрага во врска со наводно проневерени пари по поплавите во Џеда од 2009 година, аналитичарите во земјата и во регионот сметаат дека всушност се работи за јасен обид на престолонаследникот да го зацврсти своето право на круната. Кралот Салман, имено, во јуни годинава донесе одлука дека негов наследник нема да биде дотогашниот престолонаследник, кралскиот внук Мухамед бин Најеф, и правото на круната го насочи на својот син Мухамед бин Салман.

Имајќи го предвид ова, со овој „храбар и однапред планиран“ потег како што апсењата ги карактеризира британски BBC во својата анализа, 32-годишниот престолонаследник ги отстранил всушност сите пречки во здобивањето на целосна контрола над Саудиска Арабија.

Апсењата на принцови, министри и бизнимсени предизвика шок кај Саудијците, кои не се навикнати на остри промени. Многу жители на оваа регионалона сила ја поздравија оваа чистка како напад врз богатите кои краделе од државните фондови, а американскиот претседател Доналд Трамп, коментираше дека уапсените „со години ја молзеле својата земјата“.

Инаку принцот Мухамед е доста популарен во земјата, особено меѓу младите Саудијци. Повозрасните и поконзервативните сметаат, пак, дека премногу брза со модернизација на земјата во којашто монархијата го пркатикува ригидниот облик на вехабитскиот ислам. Неодамна принцот најави дека земајта ќе ја врати кон умерениот ислам, што особено ќе наиде на поддршка кај блискиот сојузник САД. Симпатиите кај сонародниците ги собра и со пораката дека ќе ја искорени сиромаштијата и ќе воведе промени во саудиското општество, како дозволата жените да управуваат со автомобили.