СДСМ ќе гради бегалски камп во општина Аеродром?!

На Фејсбук групата Аеродром во моето срце се појави информација дека СДСМ планира да изгради бегалски камп во општината Аеродром откако ќе ја преземе власта на локалните избори.

-ВАЖНО: СДСМ планира по преземањето на локалната власт во општина Аеродром да изгради бегалска населба?! Дали сте бре нормални???, стои во објавата на Фејсбук.

Во општината гласно се зборува дека на актуелниот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, од СДСМ ќе му се спротивстави претседателот на општинската организција на СДСМ Златко Марин.