СДСМ не се откажува од казнување на медиумите. По продолжувањето на преговорите за измени на Законот за медиуми, опозициската партија останува на ставот дека треба да се цензурира медиумскиот простор во Македонија и дека Агенцијата за медиуми треба да одлучува кои новинарски прилози се објективни, а кои не, објавува порталот „Пресс24“.
Повикувајќи се на сопствени извори од преговорите, „Пресс24“ пишува дека ваквиот предлог за ВМРО-ДПМНЕ бил неприфатлив, а со него не се согласувал ниту белгискиот посредник Питер Ван Хауте, кој уште еднаш го повторил ставот кој го изнесе и на брифингот со медиумите од пред неколку дена. Според него, ставот на Европа е дека не може да се загрозува слободата на изразување, односно не може институциите да носат одлуки за тоа кој новинарски текст е објективен, а кој не.
Според него, јавноста е таа која треба да оцени, дали новинарите известуваат објективно и врз основа на тоа да си донесат одлука од кој извор ќе се информираат.