СДСМ: Независно од резултатите во Тераце, во Македонија почнуваатпромени

Независно од резултатите во Тераце, во Македонија почнуваат незапирливи демократски промени, наведуваат СДСМ во реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која се обрати Антонио Милошоски, член на ИК на партијата.

Во реакцијата се посочува дека мнозинството граѓани во Македонија избрале промени и дека над 600.000 граѓани во Македонија се изјаснија за живот, за слобода, за правда.