СДСМ под хипотека: Заев ја доведе партијата до банкрот?

Неделникот „Република“ повикувајќи се на до­ку­мен­ти­те до кои дошол пишува дека, ме­сто да се фо­ку­си­ра на из­бо­ри­те до­го­во­ре­ни на 24 април, во сог­лас­ност со До­го­во­рот од Пр­жи­но, За­ев ма­ка ма­чел ка­ко да го про­дол­жи хи­по­те­кар­ни­от до­го­вор со кој Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во за­лог го има се­ди­ште­то на СДСМ.

Неделникот по­тсе­ту­ва дека кре­ди­тот што на 19 април 2011 го­ди­на го зе­де то­гаш­ни­от прет­по­ста­вен на За­ев, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, исте­че на 19 април 2016 го­ди­на. Ток­му за­тоа, За­ев, ве­ро­јат­но, и ги акти­ви­ра­ше „при­ја­те­ли­те од над­вор“, под из­го­вор за, бо­жем, спор­ни гла­са­чи и ме­ди­ум­ски ре­гу­ли­ра­ња, са­мо за да се спре­чат из­бо­ри­те, до­де­ка тој ус­пее да го про­дол­жи ро­кот на кре­дит­на­та ли­ни­ја.

naslovna203-1

Су­деј­ќи спо­ред до­ку­мен­ти­те, ка­ко и спо­ред слу­чу­ва­ња­та од тој пер­и­од, ме­ѓу од­лу­ка­та на Цен­трал­ни­от од­бор на пар­ти­ја­та за про­дол­жу­ва­ње на до­го­во­рот за кре­дит со таа бан­ка и пот­пи­шу­ва­ње­то на ане­ксот на тој до­го­вор за до­пол­ни­тел­ни но­ви пет го­ди­ни, од­нос­но до 19.4.2021 го­ди­на,  во јав­но­ста се по­ја­ви уште ед­но ау­дио од фо­но­те­ка­та на За­ев со кри­ми­нал­но прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. Тоа бе­ше раз­го­вор ток­му на ди­ре­кто­рот на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка, Ха­ри Ко­стов, од „фо­но­те­ка“ што За­ев ја за­др­жа и не ја пре­да­де во СЈО. Таа „фо­но­те­ка“ со­др­жи ве­ро­јат­но исто тол­ку раз­го­во­ри кол­ку што, на­вод­но, пре­да­де до СЈО, па се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то, кол­ку мо­же да би­де ко­ин­ци­ден­ци­ја ток­му то­гаш да се слу­чи об­ја­ву­ва­ње на оваа сним­ка. Во­ед­но, таа „слу­чај­ност“ е дел и од од­го­во­рот на пра­ша­ње­то – зо­што бе­ше пу­штен раз­го­вор на Ха­ри Ко­стов, по­ра­не­шен ми­ни­стер и пре­ми­ер од ре­до­ви­те на СДСМ, и ка­ква вр­ска има тој раз­го­вор со „Сло­бо­да­та и де­мо­кра­ти­ја­та“, прашува неделникот.