Кривична за луѓето кои повикаа на референдум против мигранти

СДСМ преку Државната изборна комисија се обидува да ги спречи референдумите, кои според барањата на иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, добро е да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

СДСМ, Зоран Заев и Мила Царовска не се откажуваат од градбата на станови, доселување и интегрирање мигранти во Македонија. СДСМ поднесе кривична пријава за Видан Лазаревски, иницијатор за референдум против Националната стратегија за интеграција на мигранти.

Лазаревски во текот на минатиот месец ја водеше кампањата „Будење за Штип“ преку која собираше потписи од граѓани со цел иницирање референдум, но СДСМ го обвинуваат дека извршил повеќе кривични дела: Злоупотреба на лични податоци, измама, повреда на избирачко право, предизвикување на национална, расна и верска омраза.

Ова според СДСМ е резултатот од активностите што се спроведуваа во организација на Лазаревски и кампањата „Будење во Штип“. Ова не е прв пат СДСМ да спречи одржување на локалните референдуми, со што се загрозува правото граѓанинот непосредно да одлучува за политиките на власта кои директно го засегаат.

СДСМ преку Државната изборна комисија се обидува да ги спречи референдумите, кои според барањата на иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, добро е да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти.

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа дека ДИК има обврска да постапи согласно законот со кој е гарантирано референдумското изјаснување на граѓаните за работите кои директно ги допираат нивните интереси.

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ДИК не смее во ниту еден случај да го попречува одржувањето на локалните референдуми кои граѓаните побараа да се одржат против изградба на мигрантски кампови во нивните општини.

-Го повикуваме СДС да не врши протисок врз ДИК во врска со организирањето на локалните референдуми. СДС не смее да го попречува организирањето на референдуми само за да го оствари својот план Македонија да ја направи еден голем бегалски камп. ДИК е формирана и платена од граѓаните на Република Македонија за да го гарантира правото на слободно изјаснување. ДИК е институција која е должна да ги штити интересите на граѓаните на Република Македонија на тој начин што ќе им овозможи непостредно да се изјаснат дали сакаат мигрантски населби во нивната општина.

Референдумското изјаснување на граѓаните, додаде Стаменковска, е највисок облик на непосредна демократија, во кој секој граѓанин на непосреден начин може да го искаже својот став по однос на определено прашање.

-Очигледно владата на СДС повеќе ја интересираат миграните одколку граѓаните на Макеонија. СДС планира да насели повеќе илјади мигранти и на нив да им овозможи социјална помош, право на стан и работно место со што сериозно ќе се разниша македонската економија, но и образование, здравствен и социјален систем. Македонија е држава со скромни финасиски средства и ресурси, и висока невработеност, со многу нерешени проблеми, владата на СДС наместо да мислат како и со што да им го подобрат животот на граѓаните, тие се одлучија од државата да направат еден огромен камп за мигранти, со изградба на станови во скоро секоја општина. Во такви услови на владата на СДС не и се приоритет граѓаните на Република Македонија, рече Стаменковска и додаде:

„Ова е многу значано прашање и за идните генерации и владата на СДС и ДИК мораат да им овозможат на граѓаните на Република Македонија непосредно да се изјаснат. СДС наместо да се грижи за граѓаните, тие се грижат за мигрантите, кои Републиа Македонија, нема релна можност и капацитет да ги згрижи. Граѓаните го гледаат ова и затоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“.

Освен тоа, СДСМ и преку своите советници во општините се обиде да ги минира референдумите. Во општините каде што на дневен ред се стави прашањето за одржување референдум во нивната општина, советниците на СДСМ глаа против референдум, а некаде беа воздржани.

Референдуми по ова прашање ќе се одржат речиси во сите општини каде што имаше иницијатива за нивно распишување, освен во Центар.

Горан Богдановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека советниците на СДСМ на седница на општина Центар не гласаа за ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти, иако претходно Заев јавно вети дека нема да го блокираат референдумското изјаснување за доселување на мигрантите.

-Нас како советничка група не ни јасно од што СДС толку многу се плаши што не дозволи ова прашање да се стави пред жителите на Центар и на тој начин им ја ускрати можноста на Центарци да се изјаснат по ова прашање. Дали Владата на СДС со секој свој чекор, ја потврдува нивната стратегија и план, за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти, а дел од нив и во општина Центар?, вели Богдановски.

Инаку, на собраниската Комисија за труд и социјална политика неколку пати се расправаше за Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци.

На оваа комисија речиси и да немаше претставници на власта, тие не доаѓаа да дебатираат по ова прашање, освен што по еднаш се појавија Фросина Ременски и Ферид Мухиќ.