СДСМ со стратегија „тонеме ние, дај што повеќе можеме да повлечеме“.

Иновативната способност на СДСМ достигнува до тука, ова е коментарот на уредникот на Дневник Дарко Јаневски кој во вчерашното гостување во емисијата на Миленко Неделковски во Радио Слободна Македонија говори за целта која СДСМ сака да ја постигне со навредливата кампања во која се вклучени недолични графити кон пратеничката на СДСМ Љубица Буралиева, кондоми со ликот на премиерот Никола Груевски и наводната афера за пасошите.

-Како со вакви потези ќе освоиш 100 гласа повеќе, а на нив им требаат 200.000 да ја надоместат разликата. Денес се покажа нивното ниво, да го залепиш Никола Груевски за кондоми и тогаш си добар демократ и опозиционер, будалска работа, вели Јаневски.

Јаневски вели дека СДСМ се влезени во стратегија „тонеме ние, дај што повеќе можеме да повлечеме“.

Уредникот на Дневник потенцираше дека ваквите потези се добредојдени за Грција.

-Грчката страна ги користи потезите на СДСМ. Тие требаше да бидат умни и да не им помагаат на Грците, а во исто време да се обидат да го намалат рејтингот на Груевски, но со вакви потези не можат, посочи Јаневски.

Во однос на наводната афера со пасоши, Јаневски истакна дека доколку СДСМ има докази, законски се должни истите веднаш да ги објавата и да ги достават до надлежните институции.