СДСМ/Сорос во очај спонзорираат статии кои се потполни измислици

Долгата рака на СДСМ/Сорос во очај спонзорира статии во кои со потполни измислици се обидува да го оцрни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и тоа преку медиуми од други држави. Со спонзорирањето на измислената статија од страна на српскиот портал се потврди она кое сите го знаеја, дека станува збор за скапо платена нарачка од СДСМ и СОРОС, пишува порталот „Курир“.

Курир како српски сајт нема ама баш никаков интерес да спонзорира статија со македонска тематика, освен кога е нарачка од СДСМ и нивните сејачи на скапа магла, со цел да се создаде божемна слика дека регионот зборува за Македонија и открива големи скандали.

Оваа нарачка на српските сејачи на скапа магла доаѓа неколку дена после скандалот во кој Зоран Заев предизвика бунт во македонската јавност откако со националистичко навивање на мечот на Шкендија позираше до знамиња на УЧК. За време на целиот натпревар, на Заев не му пречеше провокациите на Балистите со познатата кореографија и сценографија со знамиња на Голема Албанија и УЧК. Напротив, тој гордо се фотографираше.

Како тема за измислиците објавени на Курир.рс беше искористена посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијас која беше во насока на градење на добрососедство, додека порталот ја извртува сторијата дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преговарал со него за промена на името на државата.

Некој на сејачите на скапа магла треба да им каже дека кичмата која пред Грција ја свитка нивниот работодавач и колената на кои падна пред навивачите на Шкендија кои извикуваа пароли за Голема Албанија, не се поправаат со приказни за мали деца во кои Заев ни пијан не би поверувал.

Заев, кој е свесен дека нема визија за конструктивна кампања, ниту програма и проекти, а веќе наголемо зборува за избори, мора во сопствената глава да креира свет во кој тој нема да е криминалец, човек кој што ја витка кичмата, нема да биде тој што сака ќерка му да учи албански, човек што само благодарение на аболицијата ужива на слобода во криминално стекнатите милиони евра, или најново, човек кој не е поддршка на Џемо Хаса и Балистите. Заев мора себе во оогледало да се гледа како херој, па колку и да го чини тоа според ценовникот на ПиАр стратезите Шчекиќ и Бендер.

Токму затоа, Заев плаќа објавување на скапи текстови и спонзорирање на истите во нерелевантен портал во Србија, а сите портали кои финансиски се зависни од СОРОС/СДСМ во Македонија мора да ги пренесат од збор до збор. Курир.рс освен како огласна табла за случаеви како Заев е потполно неважен портал во соседна Србија и служи само за пласирање на вакви спинови во земјата и во регионот.

Доколку во екот на насилствата во Македонија за време на протестите на СДСМ, како и за време на полициската акција во кумановско Диво насеље, беше искористен за пласирање на лажни информации и ширење на паника, во Србија повеќе пати е тема на судски процеси, како тужена страна од политичари и јавни личности.