Се судрија два воза во Цирих, најмалку 50 повредени

Два воза се судрија изутринава во Рафц, 30 колометри северно од Цирих, при што околу 50 лица се повредени, соопшти кантоналната полиција.

– Утринава се случи несреќа, ситуацијата е сериозна, има повредени, изјави полициски претставник.

Според швајцарските медиуми, воз од регионалната железница се судрил со друг на излез од железничката станица во Рафц. Според очевидци едниот воз излетал од шините и удрил во задниот дел на друг воз.

Има превртени вагони, пристигнаа амбулантни возила, спасувачки екипи и пожарникари, објави весникот „Блик“.

Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Билах и Шафхаузен.