Селаните од Горна Маоча во БиХ: Дојдоа двајца странци и ги закачија знамињата

Знамето на ИД се вееше на куќа во селото Горна Маоча кај Брчко. „Дневни аваз“ пренесува дека обележјата се тргнати, но и дека мештаните немаат ништо со поставувањето на знамињата на ИД, и дека тоа го сториле „двајца непознати“.

-За време на превземените активности во Горна Маоча не се затекнати знамињата на ИД, а за резултатите од извршените проверки известено е Обвинителството на БиХ, соопштија денес од прес службата на СИПА.

Едис Босниќ, припадник на селефитската заедница во Горна Маоча, изјавил дека тие живеат „нормален и мирен живот“ и дека знамињата што се појавиле вчера во селото не се дело на нивната заедница.

Тој појаснил дека во селото дошле двајца странци кои на напуштената куќа закачиле знамиња ба ИД и дека заедницата во селото нема ништо со тоа.

Инаку жителите на ова село веќе една деценија се под истрага заради поврзаноста со терористичките организации.

Повеќегодишниот неформален водач на вахабистичкото движење во БиХ беше Нусрет Имамовиќ, кој замина да војува во Сирија.

Водството над групата по неговото заминување го преземал Хусеин Босниќ, викан Билал која во септември минатата година беше уапсен поради сомнежи дека е поврзан со финансирање, организирање и испраќање државјани на БиХ во Сирија и Ирак за да се борат на страната на радикалите.

фото: Б92