Семејна расправија заврши трагично: Жена со метална шипка го уби сопругот

Семејната драма заврши со убиство, сопругата со метална шипка го уби сопругот, самата повикала полиција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 48-годишната  М.Ѓ. во семејниот дом во кочанското село Облешево се расправала  со сопругот 55-годишниот  Благојче Ѓ.

Во момент на лутина и гнев, таа со метална цевка го удрила сопругот во главата, по што тој паднал на земја.

Без да знае дали сопругот е починат или само онесвестен, таа самата повикала итна помош и полицијата. За жал, лекарите само констатирале смрт.

Жената е приведена, а полицијата работи на целосно расчистувањ на случајот.