Серхио Бускетс и понатаму останува “верен” на Барселона

Серхио Бускетс го продолжи договорот со Барселона и се обврза на верност до 2019 година.

Иако подолг период кружеа гласини за евентуален негов трансфер во англиската Премиер лига, односно во тимовите на Манчестер Јунајтед или Арсенал, сепак “последната алка” во средниот ред на “каталонците” ги демантираше медиумите со потпишувањето на новиот договор кој ќе го држи на “Камп Ноу” уште четири сезони.

Со новиот договор Бускетс ќе добие и покачување на платата, а променета е и неговата откупна клаузула, која претходно изнесуваше 150 милиони евра, а сега ќе биде речиси 200 милиони евра.