вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Шест турски авиони го нарушија воздушниот простор на Грција

grcija

Поврзани вести

Шест турски ловци и два поморски извидувачки авиони навлегле без дозвола во грчкиот воздушен простор, нарушувајќи го вчера 36 пати над Егејското Море.

Од нив 17 нарушувања на воздушниот простор извршил турскиот извидувачки авион „ЦН-235“, кој летал од северниот кон јужниот дел на Егејското Море.

Во сите случаи грчките ловци ги забележале и ги пресретнале турските авиони. Два од турските авиони биле вооружени, пренесува МИА.

Грција има право на десет милји од воздушниот простор околу своите острови, а Турција признава само шест милји и спорниот дел го смета за меѓународна зона во која ги испраќа своите борбени авиони.

Најчитани вести