Шамар за медиумите на СОРОС- Ксукла со демант за нивната манипулација

Претседателот на Алијансата на либерали и демократи за Европа од Парламентарното Собрание, Жорди Ксукла директно ја демантира опозицијата и нејзините медиуми. Ксукла вели дека не е точно дека побарал мониторинг за Македонија во Советот на Европа.

-Земајќи ја во предвид погрешната интерпретација на мојата последна изјава објавена на 24-ти февруари за актуелната политичка ситуација, со која Македонија се соочува во последно време, невозможно е да се заклучи дека јас сум побарал враќање на Република Македонија во постапка на мониторинг во Советот на Европа. Само зли/нечесни мисли би може да изнесат таков заклучок од мојата изјава, вели Ксукла.

Тој потенцира дека е уморен од пристрасни и неточни интерпретации на неговите зборови.

-Нема да се изјаснувам за ова прашање до следниот состанок на Мониторинг комитетот што ќе се одржи во Париз на 17-ти март 2015 година, вели Ксукла.

liberali

Демантот од Ксукла е реакција на пишувањата на медиуми како Плусинфо и Либертас дека либералите од Европа побарале мониторинг за Македонија, кои испаднаа дека се класична лага.

plus-liber

Демантот стигнат од првиот човек на либералите кажува дека тоа е неточно и дека тоа го прават зли јазици и умови, со што опозициските медиуми повторно си постгнаа автогол.

liber-konsil