Балкан

Шариќ: Не се чувствувам виновен, сите обвиненија се една голема лага

Шариќ: Не се чувствувам виновен, сите обвиненија се една голема лага

Дарко Шариќ, кој беше уапсен на 18-ти март во заедничка акција на Србија и Црна Гора, денеска за прв пат се појави во Специјалниот суд во Белград, каде ја негираше вината по сите точки на обвинението.

На почетокот на судењето во Специјалниот суд, каде нарко босот се појави за прв пат откако е подигнато обвинение против него за шверц на кокаин од Латинска Америка, Шариќ ја негираше вината.

„Не се чувствувам виновен по ниту една точка од обвинението. Сите точки од обвинението се обединети во една голема лага“, рекол Шариќ, додавајќи дека не е обвинет уште само за предизвикување земјотрес.

Тој дошол во судницата, која што била окупирана од голем број пријатели и роднини на уапсениот нарко бос.

Во изнесувањето на лични податоци, Шариќ рекол дека е српски државјанин, но сите се откажале од него, „судејќи по политичарите“. Тој додал дека имал и словачко државјанство, но мисли дека веќе го нема.

„Од имот немам ништо“, рекол Шариќ, а на прашањето на судијата, Синиша Петровиќ, како се издржува Шариќ, рекол дека сега го „издржува државата“ а може да се пофали и со затворски готвач.