Шекеринска: Нов концепт за промени и во земјоделието

Преку средба со жителите од населеното место Селемли, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ја почна денешната посета на гевгелиско валандовскиот регион.

„Од една страна 100 денари даваат од друга 200 денари земаат. Тоа не е земјоделска политика, тоа не ја вреднува маката и ги осиромашува земјоделците. Затоа на сите нас ни се потребни промени. Нашиот нов концепт во земјоделието ќе донесе сериозни промени. Субвенциите не само што ќе ги има, туку ќе бидат и навремени, во оној дел од годината кога им се потребни на земјоделците. За произведеното земјоделците нема да плаќаат персонален данок а со воведувањето на поефтината зелена нафта за земјоделците значително ќе се намалат трошоците. Така повеќе пари ќе останат за земјоделците а државата ќе допринесе да се гарантира добар пласман и подобра цена“, истакна  Шекеринска, пред жителите на Селемли.