Гласавањето на рефереднумот за независност на Шкотска, заврши синоќа во 22 часот по Гринич, а првичните официјални резултати велат:
53,8 отсто од избирачите гласале против независноста на Шкотска.
Тоа се нецелосни резултати бидејќи биле обработени податоците од 24 од вкупно 32 области, пишува британскиот весник „Гардијан“. Одзивот на гласачите, во областите каде е завршено пребројувањето, изнесува близу 85 отсто.
Според обработените податоци од 24 области, отцепувањето на Шкотска од Велика Британија го поддржале вкупно 1,115.074 лица, души, наспротив 1,293.048, кои на прашањето: „Треба ли Шкотска да стане независна држава?“ одговориле со „Не“.
Во неколку реони на Шкотска, излезноста на референдумот за независност достигнала дури 90 отсто, информира „СкајЊус“.
Одзивот на гласачите во најголемиот шкотски град Глазгов бил 87 отсто, во Единбург 89,6 отсто, а во Данди 90 отсто. Шкотската престолнина Единбург, гласала против независноста.
Еден од лидерите на шкотските националисти, веќе го признал позарот, јави „Ројтерс“.
„Бидејќи илјадници во оваа кампања го вложија срцето и душата, чувствувам разочарување, бидејќи за многу малку не успеавме да обезбедиме победа“, изјавил за Би-Би-Си заменик – претседателот на Шкотската национална партија, Никола Старџејн.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, пак, ја поздрави утринава Алистер Дарлинг, водачот на противниците на независноста на Шкотска.
„Зборував со Алистер Дарлинг и го поздравив за добро водената кампања“, напишал на социјалната мрежа „Твитер“ Камерон, чии позиции би било прилично разнишани, ако приврзаниците на шкотската независност победеа на референдумот.
Комплетните резултати од рефереднумот ќе бидат познати до крајот на денешниот ден.