Што всушност имаше на знамето кое го „запали“ цел регион?

Една мапа, еден датум, еден збор и портрети на двајца личности се најдоа на знамето кое се вееше синоќа на стадионот за време на натпреварот Србија-Албанија.

На врвот на знамето стоеше 28.12.1912. Тоа е денот кога поранешен државни функционер во Османлиското Царство, Исмаил Ќемаили, ја прогласи Декларацијата за независност на Албанија.

kjem

Ќемаили и Иса Болетинац, познат албански одметник, се претставени со натписот „Autohtoni“ што во превод значи домородци, или луѓе што отсекогаш живееле на овие простори.

isa

На сликата меѓу нив се наоѓа картата на „Голема Албанија“ на која покрај границите на сегашна Албанија, се наоѓаат и територии на Македонија, Црна Гора, но и на Србија, речиси до Ниш.

avto

karta