Силен земјотрес во Индонезија – 54 лица загинаа

Најмалку 54 лица загинаа и десетици се повредени при силниот земјотрес кој ја погоди утринава индонезиската провинција Ачех, наведе претставникот на локалните власти Саид Мулјади.

Локалните телевизии прикажаа снимки од округот Пидие Џаја, кој беше најсилно погоден од земјотресот, на кои се гледаат куќи и згради сраменти со земја.

js115495443_afp_a-badly-damaged-building-is-seen-after-a-large_trans-1_ulvsfcmgok5eeqfj4zvsmpzfcnzv41wsjopczk9pi

Постои опасност дека уште десетици лица се затрупани под урнатините, јави ДПА.

Земјотресот бил почувствуван по 5 часот по локално време со епицентар на 18 километри североисточно од Мидае Џаја, на длабочна од 10 километри, соопти индонезискиот геофизички институт. Бил со јачина о 6,5 степени.

По него следувале уште најмалку пет вторични потреси.