Синдикатот на Југохром в четврток ќе го блокира патот Тетово – Скопје

Синдикатот на Југохром в четврток најави протест против, како што велат, неоправданото исклучување на печките со работа.

„Во четврток од 11 до 13 часот ќе го блокираме регионалниот пат Тетово – Скопје кај наплатната рампа во Желино во двата правци“ соопштуваат од синдикалната организација „Југохром Алзар“.

Нивните барања ќе бидат соопштени на протестот.