Синот на прегазениот пешак поминал покрај сообраќајката, но не знаел дека е татко му

Синот на загинатиот пешак Kиро Деловски, кој завчера беше удрен од автомобилот што го управувала познатата фолк-пејачка и ТВ-водителка Андријана Алачки, а потоа почина во болница, минал во близина на местото на несреќата, но не знаел дека е татко му. Трагичната вест до него дошла подоцна, пишува весникот Дневник.

Зоран Деловски кога се вратил од работа се обидел да контактира со татка си зашто се посомневал дека можеби нешто лошо му се случило.

– Бидејќи не се врати дома, по некое време го побаравме на мобилен телефон. Наместо татко ми, се јави некој од клиника и ни рече дека тој е тешко повреден во сообраќајка. Веднаш отидов на местото, а полицијата вршеше увид. Таму беше и госпоѓата Алачки – изјавил Зоран за весникот.

– Што и да кажам нема да го вратам татко ми. Загубивме прекрасен човек. Најмногу ме боли што иако беше во години, тој беше витален човек. Kако се случила несреќата ќе биде познато откако ќе заврши истрагата. Факт е дека сообраќајката била во близина на пешачкиот премин, но дали татко ми бил удрен на самата зебра, па од ударот паднал подалеку, ќе покаже истрагата – вели Зоран.

Познатата фолкерка „ауди А4“. Во полицискиот билтен на МВР стои дека сообраќајната несреќа се случила во 16.10 часот кога скопјанката А.А.(47) управувајќи автомобил „ауди А4“ удрила во пешакот Kиро Д.(76) од Скопје. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар каде што подоцна починал.

Пејачката и водителка на емисија за готвење била скршена од болка и не сака да комуницира со никого, освен со најблиските, извести Сител.

– Таа е скршена од болка. Се разбира дека не го прегазила човекот намерно. Сето тоа е една голема несреќа и за неа и за членовите на семејството на човекот кој почина – вели нејзина блиска колешка од естрадата.

Весникот Вест пак извести Адријана Алачки со фустанот му ја сопирала крвта на мажот кој го удрила. Весникот повикувајќи се на очевидци пишува дека таа била многу вознемирена но сепак сама се јавувала во Брза Помош и полиција.

– Иако беше многу исплашена и потресена, сепак, беше доволно присебна за да може да му помогне на повредениот маж. Сама се јавуваше во полиција и во Брза помош, кои дојдоа за кусо време – раскажуваат за Вест луѓе кои се нашле на местото на несреќата на Рузвелтова.

Станари од зградите од двете страни на улицата за Дневник рекле дека не виделе кога се случила несреќата. Дел од нив се пожалиле дека на „Рузвелтова“ постојано се случуваат сообраќајки поради бесно возење или поради невниманието на пешаците