Сител рецензија: Медиумите на СОРОС со идентични наслови за настапите на Заев

Прв објавува sdsm.org.mk а потоа текстовите со идентичен наслов и содржина ги преземаат Плусинфо, Нова ТВ, Либертас, А1 он, Бриф… Вака со месеци наназад изгледа рутината за медиумско покривање на партиските трибини на СДСМ. Медиумите и нивните уредници кои упорно се трудат да создадат слика дека работата независно, истражувачки и професионално, изгледа забораваат на овие принципи кога станува збор за работата на Заев, пишува ТВ Сител во својата рецензија.

Така по партиската трибина на СДСМ во Берово партискиот сајт објавува вест со наслов-  „Заев: Власта се заплетка со оставките затоа лаже!“

По само неколку минути истата вест со идентичен наслов излегува на Нова ТВ и Плусинфо.  За волја на вистината Либертас истражува неколку часа па дури по 16 часот ја објавува истата вест но со видоизменет наслов „Заев : Власта безочно лаже“

По трибината во Гостивар партискиот sdsm.org.mk објавува текст со наслов „Заев : Аферата пасоши покажа дека нема институции“

Локално независно обмислува наслов кој се разликува од оној диктиран од партијата па пишува  „Заев : Аферата со пасошите доказ дека немаме институции, се е подведено на една партија“. А1он го објавува партискиот наслов но зборот пасоши го става во наводници.

Со иста истражувачка жар се покрива и трибината на СДСМ во Куманово. Партискиот сајт објаавува вест со наслов „Шекеринска: ќе видите какво злосторничко здружување направила власта на Груевски“. Прв оваа вест ја реобјавува Макфакс во 15:51 со наслов „Шекеринска: Злосторничко здружување има на Илинденска“.  Шест минути подоцна Плусинфо објавува идентичен наслов и содржина како и партискиот сајт но го додава интерпункцискиот знак извичник.Либертас истражува дополнителни 3 минути па одлучува и во нивниот наслов да има знак за извикување.

По трибината во Кавадарци „независните“ медиуми уште еднаш брилираат. Насловот „Пендаровски: Битката на Заев не е лична, доказите ќе ги објавиме“, составен од дежурните партиски активисти на Бихаќка  во рок од 30 минути е копиран на ПлусинфоЛибертас и А1 он.

Истата судбина ја има и насловот  кој се однесува на Заев, ја фрливме ракавицата и знаеме што да очекуваме.

По трибината во Кочани идентичен наслов објавуваат sdsm.org.mk,А1он Нова тв.

Трибината во Кичево sdsm.org.mk ја сублимира со насловот „Спасовски: Ќе покажеме дека Македонија има шанси“ кој е идентично пресликан на Нова Тв и А1он додка пак Либертас си зема слобода да напише- “Сите заедно да покажеме дека Макеоднија има шанси“

Интересно е и медиумското покривање на трибината во Крива Паланка . СДСМ пишува наслов- „Чесен премиер ќе речеше извади ги доказите“Либертас пред насловот го додава зборот „ВИДЕО“,Фокус го надополнува со дообјаснување дека доказите се однесуваат на бомбата  а Бриф прави две крупни измени на интерпункциските знаци.

Ваквото покривање на настаните на СДСМ се разбира може да биде случајност доколку не се повторува при буквално секоја трибина.

 Истовремено , покрај независноста на медиумите финансирани од СОРОС, очигледен е уште еден факт а тоа е дека социјалдемократите на ниту една од своите трибини не дале своја идеја, проект или концепт кој бис е разликувал од актуелната власт туку единствено се фокусирале на црната кампања базирана на веќе митолошката претстава за некаква бомба.