Скандал Фолксваген: Во 11 милиони возила низ цел свет вграден софтверски трик

Скандалот Фолксваген добива се поголеми размери. Во 11 милиони возила низ цел свет е вграден софтверски трик. Тука не станува збор само за моделите на Фолксваген и на Ауди, туку и на Шкода и Сеат.

Софтверскиот трик во компјутерите на дизел автомобилите на Фолксваген, со која се избегнува тестот за издувни гасови е вграден во вкупно 11 милиони моторни возила во светот со мотори од типот ЕА-189.

Скандалот со дизел автомобилите на Фолксваген доби невидени размери досега, затоа што компанијата призна дека дури 11 милиони негови возила низ светот се опремени со софтвер за манипулирање при контрола на издувните гасови, откриени во САД.

По скандалот огромен пад на акциите на компанијата

Акциите на Фолксваген се во огромен пад на берзата во Фрнакфурт, каде во вторникот изгубиле 19, 82 отсто од вредноста. Тие за два дена паднаа за 35 отсто што за компанијата претставува загуба од 25 милијарди евра на пазарната капитализација, а тој пад ги повлече надолу и акциите на другите произведувачи на авомобили на европскиот пазар.

Скандал Фолксваген: Во 11 милиони возила низ цел свет вграден софтверски трик
Скандал Фолксваген: Во 11 милиони возила низ цел свет вграден софтверски трик

Шефот на Фолксваген Мартин Винтеркорн објави дека „длабоко се извинува“, но дека во овој миг не треба да се одговори на „сите прашања“. Тој вети дека ќе го расветли проблемот идиректно негирајќи го неговото отпуштање или оставка, за што се говори деновиве.

Во 11 милиони возила вграден софтверски трик

Фолксваген призна дека „внатрешната истрага покажала дека истиот софвер е вграден и во други возила“. Освен во автомобилите фолксваген и Ауди во САД, како што претходно се покажа, туку и на други места и во возилата на другите марки на Фолксваген како што се Шкода и Сеат. Фолксваген е сопственик на 12 марки автомобили, камиони и мотоцикли.

Софтверскиот трик во компјутерите на дизел авомобилите на компанијата, со која се избегнува тестот за издувни гасови е вграден во вкупно 11 милиони моторни возила во светот со мотори од типот ЕА-189, соопшти компанијата. Тоа приближно одговара на бројот на автомобили што годишно ги продава групацијата која неодамна успеа да ја симне Тојота од првото место во светот.

Против компанијата засега најавија дека ќе покренат истрага Јужна Кореја, Германија, Италија и Франција.

Фолксваген можеби ќе мора да плати 18 милијарди долари (16 милијарди евра) за обесштетување на државите во САД, а тука не се земаат во предвид трошоците за повлекување на возилата за измена на софтверот и обесшетувањето на купувачите по приватните тужби.

Компанијата за таа намена засега издвои 6,5 милијарди евра, што сериозно ќе го оштети годишниот профит на тој автомобилски гигант со 200 милијарди евра приходи и 600.000 вработени.