СКАНДАЛОЗНО: Грците отворено застануваат зад СДСМ

СКАНДАЛОЗНО: Грците отворено застануваат зад СДСМ
СКАНДАЛОЗНО: Грците отворено застануваат зад СДСМ

Од Атина па до Брисел расте грчката поддршка за опозициската СДСМ во пресрет на предвремените парламентарни избори во Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Во пратеничко прашање до Европската Комисија, грчката европратеничка Софија Сакорафа жестоко го критикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски поради одлуката за оддржување на изборите во првично утврдениот рок на 24 април и покрај противењето на опозицијата. Идентично како и СДСМ и Сакорафа го обвини Груевски дека наводно не ги имплементирал реформите неопходни за фер избори.

“Минатата година, ПЈРМ ја искуси својата најлоша политичка криза, по онаа во 2001 ва. Одлуката на Премиерот да си даде оставка, принудувајќи на предвремени избори во април, како и тоа што не покажа политичка волја да ги имплементира договорените систематски реформи кои што ќе гарантираат фер демократски процес, претставуваат кршење на договорот од Пржино и очигледен неуспех на европската дипломатија”, се вели во воведот од прашањето на Сакорафа.

Во продолжение, грчката европратеничка го доведува во прашање дури и легитимитетот на владата што ќе ја формира победникот на изборите. Таа го обвинува Груевски дека уценувал за датумот, а Македонија ја опишува како земја во која што не владее правото. Саракофа ја прашува Комисијата:

  1. Како го оценувате доцнењето во имплементирањето на меѓународните обврски за демократски избори и одлуката на македонскиот премиер за уцена со изборниот датум и покрај силното противење ?
  1. Како ќе се справите со Владата што ќе произлезе од изборите, кога нејзиниот интегритет е веќе доведен во прашање?
  1. Дали е исполнета суштината и содржината на договорот од Пржино во насока на надминување на политичкиот ќор-сокак и враќање на владеењето на правото, ако опозицијата не учествува во изборниот процес?

 Сакорафа е една од најгласните предводници на анти-македонската пропаганда во Брисел

Солунчанката Софија Сакорафа која што доаѓа од редовите на левицата, на македонската јавност и е позната по честите анти-македонски настапи во Брисел, заедно со грчките неонацисти и бугарските ултранационалисти. Таа е една од нејжестоките противници на позитивните извешти што Европската Комисија и го доделува на Македонија, заедно со препораките за старт на преговорите со Унијата. Непосредно пред последниот позитивен извештај за Македонија, таа на дебата во Европарламентот бараше да се гласа против него, тврдејќи дека земјата не ги исполнува критериумите и бележи назадувања. Ваквата пропаганда насочена против европската интеграција на Македонија, таа ја аргументираше повикувајќи се на креираните прислушкувани разговори што СДСМ на чело со Зоран Заев ги објавуваше во тој период.