Македонија,Крими хроника

Скопјанец со неверојатни 6 промили алкохол во крвта

Скопјанец со неверојатни 6 промили алкохол во крвта

Неверојатни 6 промили алкохол во крвта. Ова е рекордот измерен кај скопјанец на судска медицина донесен по сообраќајна несреќа. Случајот е еден од многуте со кои во 40 годишното работно искуство се сретнал професорот Алексеј Дума.

Во неговата кариера работел безброј обдукции на лица кои загинале во сообраќајки. Повеќето биле млади.

Професорот Дума вели дека ако брзината била поголема повредите се потешки. Појасот и воздушните перничиња го намалуваат ризикот за смртни последици. Според професот Дума алкохолот, но се почесто и дрогата се главните причини за зголемениот број сообраќајки предизвикани пред се од млади лица.

Институтот за судска медицина дава голема подршка за кампањата на Владата “Почитувај ги правилата, почитувај го животот”, за подигање на јавната свест за безбедност во сообраќајот. Од Судска очекуваат дека кампањата ќе придонесе да се намалат жртвите во сообраќајот.