Скопјани се степале и оштетиле угостителски објект

Тепачка се случила вчера на булеварот „Филип Втори Македонски“   пред влез на угостителски објект.

Настанала расправија помеѓу К.М.(18), Ѓ.Н.(16) и С.А.(18) сите од Скопје од едната страна и Љ.М.(18) ос Скопје од другата.  Во расправијата С.А. физички го нападнал Љ.М. ,додека останатите лица со тврди предмети започнале да фрлаат кон угостителскиот објект и предизвикале оштетување на истиот.

По преземените мерки трите лица се приведени, по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.