Скопјанка почина од топлото време

Четириесет и седумгодишна скопјанка починала како последица од топлото време, во близина на Градскиот парк, потврди Брзата помош.

Таа заедно со своја пријателка излегле од климатизирана просторија и застанале на улица да повикаат такси возило. Но, пред да дојде превозот жената се струполила на улицата. Лекарите претпоставуваат дека причина за несреќниот случај е наглата промена на температурата, односно скопјанката од климатизирана просторија излегла надвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.