Скопје не е единствен – Еве кои главни градови во Европа немаат метро

Многу учесници во сообраќајот кои секојдневно доживуваат стрес поради големиот метеж, решението за проблемот често го гледаат во изградба на метро. Кај нас, повеќе години наназад постои идеја за изградба на трамвај, како алтернативен јавен превоз, а за метро, засега не станало ни збор.

Тирана, Сараево, Љубљана, Загреб, Белград, Луксенбург, Вадуц (главeн град на Лихтенштајн), Сан Марино и Никозија- главниот град на Кипар, Берн, Цирих… се само некои од главните европски градови кои немаат подземен железнички систем.

Од друга страна, некои европски градови имаат две или повеќе линии на метро. Градовите како што се Лондон, Копенхаген, Стокхолм, Осло и Хелсинки имаат возови кои вредат за секаква пофалба.

Иако изградбата на ваков систем е скапа инвестиција, за многу урбанисти сепак, вреди, да се изгради, бидејќи би се зголемила сообраќаната проодност, услугата на превозот ќе биде многу поквалитетна, а посоти можност бројот на сообраќајни несреќи значително да се намали.

metro