Слика на Да Винчи e продадена за 450 милиони долари!

Слика од познатиот италијански уметник Леонардо Да Винчи од 1506 година на која е прикажан Исус Христос, повеќекратно го надмина рекордот кој го држеше сликата на Пикасо, „Жени од Алжир“, а за која во 2015 година купувачот плати 179,4 милиони долари.

Кога њујоршката аукциска куќа Кристи во октомври најави дека ќе ја продава оваа слика на Да Винчи – прва новотокриена негова слика после 1909 година – проценките велеа дека е можно да отиде и до 100 милиони долари.

Деновиве постигна цена од неверојатни 450 милиони долари (точно 450.312.500$) што е најголемата сума во историјата дадена за некое уметничко дело. Купувачот кој учествуваше преку телефон остана непознат.

Сликата на Леонардо да Винчи е со димензии 65х45 сантиметри и пред аукцијата во Њујорк била изложена Хонг Конг, Сан Франциско и Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.