Словенија и Австрија ги затвораат границите за бегалци

Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно
Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно

На основа на договорот на земјите членки на Шенген, Србија е известена дека Словенија и Австрија ќе ги затворат границите.

И Хрватска размислува да ја затвори својата граница, како што најави и Македонија.

Иницијативата за затворање на границите потекнува од Словенија, пишува „Блиц“. Таа преку својата граница ќе пропушта најмногу 2.500 лица дневно.

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска изјави дека Словенија ќе продолжи поставувањето на ограда на границата со Хрватска, нагласувајќи дека тоа е привремена мерка за да се оневозможи неконтролираниот прилив на мигранти од балканската бегалска рута.

– Поставувањето на ограда за насочување на мигрантите во сегашната ситуација е неопходна поради премалата солидарност од страна на Грција, Македонија, Србија и Хрватска, кои се наоѓаат на балканската бегалска рута, посочи Церар.

Тој истакна дека околу 7.000 мигранти дневно влегуваат Словенија.

– Словенечката Влада со задоволство ќе донесе одлука за отстранување на оградата од границата со Хрватска, но откако ќе се смири бегалската криза, наведе Церар.