Снег на повисоките места, магла на Страцин

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.  Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Ѓавато, Пресека и во Крушево.

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на Страцин.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.