Балкан

Тајна снимка на ЦИА ја открива вистината за Сребреница

Тајна снимка на ЦИА ја открива вистината за Сребреница
Тајна снимка на ЦИА ја открива вистината за Сребреница

Поранешните претседатели на Америка и на Франција, Бил Клинтон и Жак Ширак, добро знаеле што се случува во Сребреница, која се обиделе да ја искористат за да го покријат неуспехот на НАТО и на УНПРОФОР. Ова го покажуваат тајните документи на ЦИА во кои се прикажани разговори помеѓу двата претседатели, обајви српски „Телеграф“.

Во разговорот меѓу нив, кој го објави „Н1“, се гледа дека тие знаеле добро што се случува во Сребреница, а во нив може да се открие дека заштитата на цивилите во селото Поточати не била приоритет на Америка и на Франција, туку само интереси на НАТО.

Clintonchirac

Ова е стенограм од разговорот:

Клинтон: Здраво Жак.

Ширак: Здраво Бил, како си? Ќе зборувам на француски. Загрижен сум за Босна и има некои работи кои сакам да ги знаеш. Пред се’, честитам на силната изјава во која објавивте дека доколку не можеме да ја вратиме мисијата на ОН, тогаш деновите на УНПРОФОР се одброени. Нашата анализа е иста. Падот на Сребреница и многу веројатно падот на Жепа и сериосната закана на Горажде претставуваат големо промашување на ОН, НАТО, како и на сите демократии.
Во моментот гледаме на ТВ како Србите ги одвојуваат мажите од жените, ги праќаат жените на силување и ги убиваат мажите кои се воено способни. Според мое мислење, не можеме веќе да стоиме и да го гледаме тоа. Според тоа, мораме да ја свртиме ситуацијата онака како што беше гарантирано со ОН. Франција е подготвена да ги препушти сите свои единици во мисија. Сеуште не знам што сакаат Британците.
Се прашувам дали само имаат намера да го напуштат Горажде како што Холанѓаните ја напуштија Сребреница. Не сакам Франција да биде виновна за оваа ситуација. Се’ зависи од тоа дали САД ќе бидат подготвени да соработуваат и да спречат етничко чистење или само ќе седиме со скрстени раце, ќе пуштиме луѓето да се убиваат, а ние да си отидеме дома. Не може да си дозволиме да бидеме соучесници.

Клинтон:  Сакам да размислите за неколку работи. Горажде е многу поважно од Жепа и Сребреница. Во смисол на својата големина. Босанската влада има 9.000 трупи во Горажде кои очигледно се подготвени да се борат. Во Сребреница во моментот има 3.000 босански трупи, но како што знаете, тие заминале под притисок од гранатирањето. Отишле без спротивставување и борба иако мислам дека тоа можеле да го направат.
Британците имаат 300 свои единици во Горажде, така што мислем дека тие ќе бидат повеќе спремни да останат таму. Сите знаеме дека доколку нешто се случи во Горажде, војската на босанските Срби ќе почувствува дека има слободен пат кон Сараево. Уште една работа која сакам да ја кажам и потребно е да знаете кои ќе бидат правила на ангажманот доколку одлучите да преземете иницијатива во Сребреница, Жепа и Горажде.
Пред да осигураме воздушен удар мора да знаете дека тоа ќе им нанесе големи штети на Србите во одредени подрачја. Ќе се посоветувам со воени советници, но тие се многу скептични за воведување хеликоптерски сили, особено ако Бошњаците не пружат отпор. Ќе разговарам со нив и ќе ти се јавам повторно.

srebrenica2007