Собир пред Апелација за поддршка на ТВ Нова

Скопска Апелација сѐ уште се нема произнесено за одлуката за притвор на сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, по вчерашната јавна седница.

Во овие моменти пред судот се собраа новинари и граѓани, претставници на бошњачката заедница, за да изразат поддршка за телевизијата и бараат укинување на мерката притвор одредена за сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан.

sobir-apelacija-9

Новинарите сметаат дека со одлуката за притвор на сопственикот на ТВ Нова се прави притисок не само врз телевизијата, туку и врз целокупното медиумско известување во Република Македонија.