Собир пред Собранието за поддршка на СЈО

Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржа собир за поддршка на работата на  Специјалното јавно обвинителство.

Собирот беше во организација на Шарената револуција, а учесниците  не фрлаа боја кон зградата на Собрнаието, туку го боеја булеварот. Според учесниците повод за нивното собирање е незадоволство од односот на пратениците кон специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за време на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на кој се разгледува Извештајот за работата на ова Обвинителство.

Собирот, кој траеаше час и половина, помина без инциденти.