Собраниска седница за амандманите за Законот за јазиците

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред се и амандманите за Законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани. Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите. За денеска е закажано и продолжение на 11. седница на која има заостанато една точка на дневниот ред и тоа измени на Законот за заштита од пушење.