Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Облачноста попладне ќе се зголеми, а понекаде во планинските региони ќе се појави слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 27 до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а преку денот ќе дува претежно слаб југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени.

Во петок под влијание на нов влажен бран времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Ветровито ќе биде и преку ноќта кон сабота и во сабота претпладне кога се уште локално ќе има појава на локален дожд.