Сообраќајка на Рузвелтова

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила околу 15:50 часот на раскрсницата со улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“.

Од СВР Скопје за Курир велат дека до несреќата дошло при судир на автомобил „Тојота“ и мотоцикл, двете возила со скопски регистерски таблички.

Во сообраќајката со повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Градската болница „8-ми Септември“.

Полицијата е на местото на несреќата каде во тек е увидот.