Сорос со милиони евра го злоупотребува невладиниот сектор во политички цели

Џорџ Сорос е пристуен во Македонија многу долго време, доволно долго својата мрежа да ја расплете низ целиот граѓански сектор. Речиси и да нема НВО во Македонија која не добива средства од Сорос, а најактивните и најгласните го земаат најголемиот дел од милионскиот колач на Фондацијата Отворено Општество, пишува „Курир“.

Она што е алармантно е што преку Метаморфозис, Џорџ Сорос има купено неверојатни 96 домеини, кои во секој момент може да ги искористи за влијание на јавното мислење и индоктринирање како на пример во вид на портали како што се Плусинфо или Либертас.

Дека ништо не е случајно и дека НВО секторот во Македонија настапува како продолжена рака на СДСМ, кој од друга страна е другото лице на Сорос во државата, зборува и фактот што неслучајно Зоран Заев најави двојазичност и федерализација и неслучајно Еди Рама ги свика албанските партии. Неслучајно беше потпишана платформата на Албанците и исто така неслучајно тоа беше каменто на кој се „сопнаа“ преговорите за формирање на Влада.

-Битна причина за активна улога на Еди Рама на македонската политчка сцена особено во делот на албанските партии во Македонија е присуството и ангажманот на неговата втора сопруга Делина Фицо, која сега работи во Њујорк, но со своите ангажмани е активно вклучена во македонските политички разврски. На 25 август минатата година таа испраќа е маил до Ивона Крстевска која е генерален секретар на Македонскиот национален совет. Во тој мејл таа дава зелено светло за отпочнување на програмата ACE која е „тешка“ 9,7 милиони долари и има значајна рефлексија на политичките разврски на 11 декември.

delina-fico.jpg1

Во текот на минатата недела ние неколку пати се обидовме да стапиме во контакт со госпоѓата Ивана Крстевска. Успеавме да стапиме во контакт, неколку пати ја убедувавме да даде интервју за емисијата „Во центар“ но таа на крајот одби да се појави во нашата емисија, вели новинарот Васко Ефтов.

Поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, во текот на пет години, до 2021 година, ќе има главен збор во распределба на околу 9,5 милиони долари што преку американската агенција УСАИД ќе им се дадат главно на соросовите организации во Македонија затскриени зад завесата на терминот „невладини“. Таквата можност таа ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД.

Една од невладините финансирани од Џорџ Сорос е невладината организација АДИ претседател е Алберт Муслиу, кој пак настапува како еден од главните политички аналитичари кои ги бранат ставовите на СДСМ.

adi1

adi

 

Невладината организација АДИ заедно со Метаморфозис и заедно со Отворено општество на Сорос и младинскиот сектор кој го претставува Ивона Крстевска се клучни 4 партнери во формирање на ЕAST WEST менаџмент институтот преку која треба да биде реализирана програма:

east-west

Кога ќе ја погледнете структурата на AST WEST институтот кој има седиште во Њујорк и кога ќе видите кои им се нивни деловни партнери. На тој список се наоѓаат импозантни имиња меѓу кои и Фондацијата Отворено Општество и Фондот на браќата Рокефелер.

donatori

-Во најголем дел од донаторите станува збор за моќни финансиски институции со потекло од Италија. Ако имаме во предвид дека Италија беше посочувана како една од двете држави од каде што потекнува чадорот кој на некој начин беше генератор и ја покриваше целата политичка криза во рамки на Македонија, тогаш најверојатно не треба да не изненади тоа што толку моќни финансиски институции со потекло од Италија биле вклучени во рамки на формирањето на AST WEST. Од друга страна на списокот на партнери и донатори можеме да ги најдеме и Рокефелер и Сорос, вели Ефтов во својата емисија.

Рамадан  Рамадани е член на Извршниот одбор на Фондацијата СОРОС во Македонија, како што може да се види на официјалниот сајт на ФООМ- Македонија.

ramadani

Рамадани, според угледната американската истражувачка агенција „Стартфор“ е исламски радикал, еден од лидерите на вахабистите во Македонија. Според македонската Исламска верска заедница Рамадан Рамадани практицира авганистански вахабистички ислам. Логично на претходното, како функционер на фондацијата Сорос, овој радикален исламски активист имаше свој удел во пролетните протести на СДСМ и Сорос, и објави свои намери за уривање на владата.

На 8 мај 2015- та година, со пост објавен додека престојувал во Либија, Рамадани најавува и повикува демонстрантите да влезат во домовите на функционерите и политичките неистомисленици, и да ги нападнат.

ramadani.png1

-Секој ден ќе има се повеќе стапови, а се помалку знамиња меѓу демонстрантите, најавува Рамадан Рамадани, и вели дека во Либија го научиле – колку стапот повеќе доцнел, толку последиците биле полоши. Својата подготвеност кон насилство Рамадан Рамадани ја покажа и во тепачката кога во Скопје предводеше насилно преземање џамија која легално е водена од Исламската верска заедница. Токму поради неговите радикални ставови, ИВЗ се дистанцираше од него.

Промена на целата структура во НВО секторот и во разузнавачки структури на ЦИА во Македонија:

-По неуспехот на оние Шарени револуции во рамки на Македонија доаѓа до промена на целата структура, како во НВО секторот така и во тие разузнавачки структури на ЦИА кои се под контрола на американската амбасада. Структурата на УСАИД која ја има формирано организацијата ОТИ, која работи на два проекти од кои едниот е АЦЕ и вториот е AEКOM. На чело на целата таа структура се наоѓа полјакот Мајкл Станиславски, објавува Ефтов.

stanislavski

Станиславски бил во кабинетот во Казахстан, Киргистан и Бугарија кога во тие држави се случуваат големи улични немири и промена на власта.

-Тој во почетокот на летото, јули/август е сменет и испратен на нова должност, бидејќи е направена промена во Централниот регистар на Македонија каде што се вели дека Мајкл Станиславски не е повеќе на чело на АЕКОМ во Македонија и дека на негово место доаѓа госпоѓата Фелпс Фили Елизабет , која има британско потекло но е граѓанин на САД. Елизабет имала претходен аранжман во Либија, вели Ефтов.

filips.gif1

filips

filips.gif4

Сорос „напаѓа“ и во САД, Трамп го возвраќа ударот

Под администрацијата на Бил Kлинтон, Џорџ Буш и Барак Обама не беше необично шефовите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) во градовите во светот да ги координираат политичките активности меѓу персоналот на институтот Отворено општество, финансиран од милијардерот Џорџ Сорос, и членовите на владите и опозициските политички партии. Сепак, според европски извор на американскиот новинар Вејни Мадсен, сето тоа прекинало кога новоизбраниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, ја презел контролата над агенцијата, стои на блогот на Мадсен.

Трамп му наредил на Помпео да ги раскине сите врски на ЦИА со групата невладини организации на Сорос. Повеќето од овие врски биле одржувани преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Националниот фонд за демократија (НЕД), долгогодишни препознатливи знаци за мешањето на ЦИА во активностите на невладините организации во странство. Американскиот институт за мир исто така извршувал субверзивни операции со ЦИА.

tramp

Сорос, најверојатно, видел дека на неговите врски со ЦИА им се ближи крајот кога на денот на инаугурацијата го нападна Трамп нарекувајќи го измамник, натрапник и човек што ќе биде диктатор. Сорос зборуваше на годишниот светски економски форум во Давос, Швајцарија. Тој придонесе со 25 милиони долари за неуспешната претседателска кампања на Хилари Kлинтон. Дополнително, победата на Трамп предизвика пазарни промени и Сорос изгуби една милијарда долари.

Сорос има причина да биде нервозен – раскинувањето на врските меѓу ЦИА и Фондацијата „Отворено општество“ и другите невладини организации во Источна и Централна Европа. Овој регион беше жариште на американското проектирање на „мека моќ“, насочена против националистичките и проруските партии, со помош на радио „Слободна Европа“, радио „Слобода“ и „Гласот на Америка“, кои се финансирани од САД, дејствувајќи заедно со медиумските кампањи финансирани од Сорос, користејќи „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“, испраќање пораки на телефон, интернет-разговори, апликации на андроид и ајфон и микроблогови. Радио „Слободна Европа“ и радио „Слобода“ се остатоци од Студената војна, создадени од ЦИА и по падот на комунизмот пренаменети во функција за да се прошири влијанието на Америка и на НАТО над нациите од Полска и Чешка до Узбекистан и Kиргистан. Институтот „Отворено општество“ на Сорос ги зеде архивите на радио „Слободна Европа“ од ЦИА и ги премести од Минхен во Прага.

Голем број политички лидери во Источна Европа и Евроазија, меѓу кои и премиерите на Унгарија и Словачка и претседателите на Чешка, Србија и Македонија, се жалеа на координацијата на активностите меѓу ЦИА, Сорос и домашните опозициски групи во нивните земји. Таквиот вид координација доведе до антидемократски „обоени револуции“ во Грузија, Украина, Kиргистан и Македонија и доведе до симнување од власт на демократски избраните влади.

Според извори на американскиот новинар, ЦИА, која одблизу ги набљудувала групите што дејствувале против активностите на Сорос и ги предупредувала за заканите кога било неопходно, го прекинала тоа набљудување. Тоа значи дека Сорос и неговите милиони сега се лесна жртва за разузнавачките агенции од Будимпешта, Подгорица и Букурешт, па до Kишнев, Минск и Скопје, пишува Мадсен. Џорџ Сорос можеби треба да направи уште една „инвестиција“ – најмување способно лично обезбедување, стои на крајот од текстот.

Драгнеа: Сорос го хранеше злото во Романија

Првиот човек на романските социјалисти, Ливиу Драгнеа, рече дека е потребна проверка на сите невладини организации за кои се декларира дека се од јавен интерес, при што ќе се истражи и начинот како тие ги трошат јавните пари.

-Со оглед на декларираната намера и тоа што тие исто така добиваат јавни финансии, потребна е ригорозна проверка за да се истражи начинот како се трошат парите – истакна Драгнеа.

Тој ја искористи можноста да го нападне американскиот милијардер Сорос, пренесе „Романија џурнал“.

-Имам нешто против Сорос. Овој човек и фондациите и невладините што тој со години ги воспоставуваше во Романија, уште од деведесеттите, мислам дека го хранеа злото во Романија. Тој финансираше активности и ниедна од нив не беше добра за земјата – рече Драгнеа.