СОРОС-овите портали не објавуваат реакции од Владата и министрите

инистерот за здравство Никола Тодоров денеска реагираше на тенденциозни наводи изнесени во веста: „Тодоров ги обвини студентите за Сталинизам, тие порачаа: Почнува Нова Македонија!“, а особено, како што се вели во реакцијата, невистинитата констатација во насловот.

-Министерот Тодоров во ниту еден момент не ги обвини студентите за Сталинизам. Министерот Тодоров се осврна на оние кои ја обезбедиле и платиле бината поставена на вчерашниот протест, оние кои го платиле озвучувањето и ги платиле автобусите за протестот. Тие се сталинисти, не студентите. Оние кои упорно се обидуваат со анахрона иконографија и со ретроградна реторика, да нè вратат во минатото, во времето кога студентите беа жртва на нивните кодоши и доушничиња, да нè вратат во времето за кое еве денес гледаме дека било стандард да има професори кои напредувале кодошејќи ги сопствените студенти и колеги. За нив зборуваше министерот Тодоров, се вели во реакцијата.