ВИДЕО: Соученички брутално претепаа девојче

Насилството во учлиштата е проблем кој неминовно бара сериозен пристап и превенција од надлежните институции, бидејќи агресивноста меѓу учениците станува се’ поизразена.

Се чини дека малтретирањето на деца од своите соученици е секојдневие, кое порај физичката болка и јавното омаловажување, предизвикува фрустрација и комплекси со кои се соочуваат децата во еден прилично  сензитивен период од нивниот развој.

Видеото подолу е снимено во ООУ „Гоце Делчев“ во Неготино, и ја покажува бруталноста на децата, во случајов девојчиња, кои буквално претепуваат девојче, пред други ученици, кои ја набљудуваат ситуацијата како дел од некоја претстава…