Според Тевез, Алегри е плашлив кучкин син

Карлос Тевез беше еден од главните фудбалери во триумфот на Јувентус против Реал Мадрид.

По неговиот шут топката дојде до Алваро Мората за отворање на резултатот, а потоа самиот изнуди и реализираше пенал во вториот дел, за водство од 2:1.

Сепак, пред крајот на средбата тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го повлече Тевез од игра. Нормално, Аргентинецот тешко ја прифати одлуката на тренерот, па при напуштањето на теренот дофрли неколку невкусни зборови до Алегри. Италијанските медиуми ангажираа читачи од усни, кои открија и што му рече Тевез на Алегри при излегувањето…

“Плашлив кучкин сине”
, била реакцијата на Карлос Тевез.