Спорт

СЕХА лига: Металург го совлада Динамо во Панчево

СЕХА лига: Металург го совлада Динамо во Панчево
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во средата вечерта во вториот дуел од регионалната СЕХА лига, оствари победа на гостувањето кај Динамо од Панчево со резултат 25:20 (16:9).

Избраниците на тренерот Лино Червар ја имаа контролата на резултатот уште од почетните минути кога и ја направија решавачката разлика. Металург одигра перфектно прво полувреме, со одлична игра во одбраната и со реализација од над 80 отсто во нападот. Средбата беше решена веќе по првите 12 минути, кога веќе беше неверојатни 8:0 за македонскиот претставник.

Домашните ракометари првата успешна реализација ја имаа дури во 13  минута. Во таква ситуација нашите ракометари со рутинирана игра го привршија првото полувреме и на одмор заминаа со предност од седум гола.

На почетокот од вториот дел ракометарите на Динамо заиграа поангажирано и ја намалија нашата предност на само пет погодоци,  прво при 9:14, а потоа и при 11:16. Но, Металург повторно ја консолидираше одбраната, Арсиќ повторно фати неколку топки во серија, па набрзо стигна и до максималните плус 10, во 52 минута, 14:24.

Тогаш Червар ја повлече комплетната прва постава и во игра ги стави помладите играчи. Тоа го искористи противникот и до крајот успеа да ја преполови негативата.