Србов: Богоевски се обидел да ја подели ВМРО-ДПМНЕ подметнувајќи обвинувања за тероризам

По вчерашното гостување на Слободан Богоевски, лице осудено за криминал тежок стотици илјади евра во „Топ тема“ кади изнесе лаги без ниту еден аргумент, политичкиот аналитичар Никола Србов денес на својот Фејсбук профил објави документ, на кој како што вели, јасно се гледа дека Богоевски се обидел да ја подели ВМРО-ДПМНЕ.

srbov-fb

– Ова е документација од „Сина птица“ кога Слободан Богоевски се обидуваше да ја подели ВМРО ДПМНЕ со подметнати наводни црни тројки кои требале да вршат ликвидации и наводен внес на оружје од странство. Ова е документ за прислушување на Мане Јаковлевски. Внимавајте што е ставено на личнија: „тероризам“, класичен обид за растурање на политичкиот опонент. Во едно се согласувам со Богоевски, помнењето е најсилно оружје, но покрај тоа и методологијата е силно оружје, историчарите ја учат токму нејзе, а Цобе сака да биде историчар па нека подучи малце, вели Србов на Фејсбук.

srbov-dokumenti