Среде бел ден ограбена пошта

Две непознати лица среде бел ден ограбиле пошта и одзеле околу 100.000 денари.

Како што информира МВР настанот се случил вчера околу 13,40 часот. Во објектот на  „Македонски Пошти“ лоциран на ул.„Т.Христов“, две непознати маскирани лица, со закана со пиштол, извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле околу 100.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.