Средношколец прободен со нож во средното медицинско

Петнаесетгодишен ученик вчера во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ бил нападнат од две лица кои му нанеле расекотини по телото.

Тие му нанеле расекотини во пределот на градниот кош и рамото.

Повредениот е пренесен во Ургентен центар, се преземаат мерки за откривање на сторителите.