Проблематичното минато на албанскиот премир Еди Рама е една од темите на српските медиуми, по неговата вчерашна посета на Белград, каде имаше средба со својот колега Александар Вучиќ и на која, поради изјавата на Рама за независно Косово, постоеше опасност да дојде до дипломатски инцидент.
Српски „Курир“, повикувајќи се на албанските медиуми, пишува дека Рама е зависник од кокаин. Весникот објави и фотографии на кои албанскиот премиер е „како од мајка роден“.