Старец од Струга прободен со нож

Седумдесет и деветгодишниот Д.Л. од Струга вчера бил прободен со нож во пределот на вратот од страна на педеетгодишниот Р.Ф. од село Долна Белица, струшко.

Старецот бил однесен во медицинскиот центар во Струга, на оддел хирургија.

Напаѓачот е приведен, а по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.