Старица силувана на Голема Богородица

Осумдесет и осумгодишна жена од село Никуљане, општина Старо Нагоричане, на 28-ми август била силувана, откако четири непознати лица влегле во нејзината куќа.

Случајот во полиција во вторникот го пријавил нејзиниот зет на ќерка.

Еден од четирите лица во два наврати извршил насилно полово дејствие над жената.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и лишиле од слобода овие четири лица. По консултација со Јавен обвинител, против лицето А.З. од Куманово ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информираат од полицијата.