Ставрески најави нови илјада вработувања во Прилеп

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески при посетата на Прилеп истакна дека во следните шест до девет месеци ќе се отворат нови илјада работни места.

Амбиентот за бизнис во Прилеп се подобрува, само последните неколку дена 4 компании имаат најавено влез во индустриската зона Прилеп 1, нагласи тој.

Ставрески посочи дека можност за вработување прилепчани ќе имаат и во Дрекселмаер.

– Имам добра вест за прилепчани – 500 до 600 работни места во Дрекслемаер ќе бидат пополнети со кадар на луѓе од Прилеп. Тоа го договоривме на вчерашната средба со раководството на Дрекселмаер, да се даде приоритет на луѓето од Прилеп, односно оние кои се невработени да најдат работно место во Дрекселмаер – вели вицепремиерот Ставрески.

Вицепремиерот ја поздрави инвестицијата на Филип Морис во Тутунски комбинат Прилеп и истакна дека со влезот на овој светски бренд во комбинатот значително ќе се подобри неговата состојба.